Г-точката не е толку невидлива, колку што мислите. Таа се наоѓа на одредено место во предниот дел на вагината. Точно е дека се стимулира малку потешко, но со малку насоки и труд ќе успеете.
Со одредени секс пози G-точката може да биде доволно добро поттикната, а крајниот резултат од доживувањето – незаборавен. Некои жени имаат повеќекратни оргазми по стимулација на G-точката, по што никогаш повеќе не сакаат да се вратат на старите добри здодевни пози.
Дадете малку помош со рака
Првото нешто што можете да го направите е да побарате од вашиот партнер да биде малку попрецизен. За таа цел е добро пред тоа вие да се истражувате со свои раце, за да сте свесни каде точно е вашето жариште.
Потоа насочете го партнерот да го стави показалецот и средниот прст внатре во вагината. Движењето на прстите, што ќе се смести и ја стимулира G-точката наликува на гестот “Дојди ваму!” Направете го партнерот да ги движи прстите на овој начин.
Странична поза
Легнете на една страна. Раширете ги нозете максимално широко со едната нога во воздухот. Партнерот треба да коленичи и да навлезе во вас, фокусирајќи го туркањето кон предниот ѕид на вагината, каде е и G-точката.
Модифицирајте ја и мисионерската
Овде повторно аголот на пенетрација е важен за постигнување на ефектот. Ставете си под карлицата перница, која ќе ја подигнете. А за уште посилен ефект дигнете ги нозете на рамениците на партнерот додека тој продира во вас. Ова ќе му овозможи прилично длабока пенетрација, што ќе достигне и до посакуваната точка.
Модифицирајте ја кучешката поза
Фундаментално кучешката поза е идеална за постигнување на G-точката, само што се потреби нејзини мали корекции. Наместо партнерот да биде точно зад вас мора да ги притисне колковите малку повисоко од вашите. Така аголот под кој неговиот пенис ќе влезе во вагината, ќе го доближи до допир на G-точката.