Холивудската актерка Џенифер Анистон ги воодушеви своите следбеници со сосема природен изглед.
Џенифер се пожалила на влажноста во воздухот која и правела проблеми со косата, но она што најмногу привлекувало внимание е нејзиното природно лице без трошка шминка и тоа што позирала само завиткана во пешкир.
Актерката ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил и воодушеви милиони луѓе кои ја следат на оваа социјална мрежа.
View this post on Instagram
Инаку, Анистон е позната по тоа што промовира природен изглед, а е една од ретките во Холивуд која не е поборник за големи естетски зафати.
-Мислам дека нашите тела се убави и треба да ги славиме и да се чувствуваме добро во нив, без разлика на нашите години. Не треба да се срамиме од нив, заклучила таа во едно интервју пред неколку години.