Како некои луѓе одбраа „цигла“ пред ајФон

од Vladimir Zorba
89 прегледи
Често слушаме како Епл е суверен владетел на мобилниот пазар. Всушност овие зборови можеби ги среќаваме на секои три месеци, кога компаниите ги покажуваат своите финансиски извештаи за изминатото тримесечје. Што ќе кажете сепак, ако ви соопштиме дека и покрај популарноста на ајФон, има луѓе кои би сакале вистинска тула пред можеби најпосакуваниот паметен телефон во светот?martin-hajek-iphone-6-macfan-concept
Токму со вакво „изум“ се испакнаа неколку млади луѓе од Соединетите Американски Држави и Холандија. Една шега, која почна да добива контури на вистински бизнис. НоуФон (NoPhone) е мала тула која наликува по димензии на телефон, но генерално очекувано не нуди никакви функции. Сепак, прифаќајќи ја шегата, над 2.000 лица веќе се здобиле со својот НоуФон.
– Ние сме група на пријатели од САД и Холандија, пишува компанијата на својата веб страница.
– Идејата за НоуФон се роди една ноќ во бар каде редовно се собираме за да комуницираме. И под „Комуникација“ имаме предвид да „зјапаме“ во смартфоните и од време на време да кренеме поглед на екранот и да порачаме уште пиење, што е нормално во денешно време. Го продаваме НоуФон, за да им го дадеме на луѓето она што тие го сакаат. Имено – директен контакт и докажани вештини за разговор. Живот надвор од смартфонот. Живот на НоуФон, се вели уште во пораката.
„Уредот“ чини 12 долари и може да биде доставена до сите точки во светот. Оние кои се поентузијасти може дури да се здобијат со подобрена верзија на НоуФон која ќе располага и со прицврстено огледало од едната страна.