Како омразата “стави рака” врз муслиманскиот свет

од desk3
90 прегледи

Поделбата на исламот пред повеќе од 1 300 години на шиити и сунити игра судбоносна улога за верските конфликти во муслиманскиот свет и до денес. Што точно се крие зад овој спор?-анализира DW.

0,,16672193_303,00
Духовниот водач на Иран ајатолахот Али Хамнеи упати остри зборови против Саудиска Арабија по погубувањето на истакнатиот шиитски проповедник Нимрим Бакр ал-Нимрим. “Ќе има последици за неправедно пролеаната крв на овој потиснуван маченик”, рече тој. Како и многу духовници во Иран, Али Хамнеи носи црн турбан кој го нагласува неговото потекло од исламскиот пророк Мухамед. Саудиското кралство исто така се потпира на Мохамед и на исламот. Шиитски Иран и сунитска Саудиска Арабија сепак се борат за превласт во Блискиот Исток. А егзекуцијата на Ал-Нимрим е само уште една епизода од долгата историја на верските борби за превласт.

Спорот за наследникот на пророкот Мухамед

Расцепот меѓу шиити и сунити настанува како последица на спорот за наследникот на пророкот Мухамед. По смртта на Мухамед во 632 година по Христа, неговите приврзаници би требало да изберат нов верски и политички водач.

АХА… Разговор со Бекет за „актуелната“ македонска љубов

Шиитите веруваат дека Мухамед го посочил својот зет за наследник. Називот шиити доаѓа од арапското “шиат Али” – што значи во превод – партија или приврзаници на Али. Движењето што денес го нарекуваме сунити, не било во согласност со оваа теза. Поимот “Сунна” ги опфаќа практиките и изјавите на пророкот Мухамед, сфатен од неговите следбеници како пример за однесување – оттука – сунити.

Шиитите се малцинство

arapi

Шиитите сочинуваат само 10 до 15 проценти од сите муслимани во светот, чиј број надминува 1,5 млрд. луѓе. Во земјите од Персискиот залив како Иран, Ирак и Бахреин сепак тие се мнозинство. Речиси два милиона шиити живеат како потиснувано малцинство во богатите со нафта саудиски провинции.

Во религиозниот однос сунитите и шиитите имаат многу заедничко. Петте главни столба на исламот – признавањето на верата, молитвата, постот, поклонение во Мека и општествениот придонес се речиси идентични и за двете религиозни струи. Разликите се само во одделни детали. Една од суштинските разлики меѓу сунитите и шиитите е во нивниот однос кон власта. Во повеќето случаи шиитите биле дискриминирани како малцинство и тоа става отпечаток врз нивната теологија.

Немирите против сунитските Калифати кои шиитите ги сметале за несоодветно избрани, играат централна улога во вековиот конфликт. Во 680 година по Христа, синот на Али – Хусеин и голем број негови роднини загинуваат во Карбала. Мачеништвото на Хусеин се претвора во централен настан за оние кои веруваат во правото на Али да го наследи пророкот. И до денес секоја година шиитите го одбележуваат загинувањето на Хусеин за време на својот празник Ашура .

0,,18957974_401,00
Сунитите и шиитите се премногу стари противници. Тие стојат едни против други уште за време на војните меѓу сунитските Османлии и шиитските персиски шеици во денешен Иран. А сегашната специјалнаи војна меѓу Иран и Саудиска Арабија покажува колку силно можат да влијаат верските разлики врз мобилизирањето на одредени народни групи. Во граѓанските војни во Сирија и Јемен Техеран поддржува главно несунитски групи. Саудиска Арабија пак создава алијанса од претежно сунитски држави. Надвор од религиозната пропаганда сепак постојат и примери за мирен соживот. Претставници на двете религиозни струи на неколку наврати се обиделе да ги надминат верските непријателства. Поранешниот ректор на египетскиот универзитет “Ал Азхар” ја објави во 1959 година шиитската верска пракса за еквивалентна на сунитската.
Обиди за помирување

Во 2005 година јорданскиот крал Абдула II собра сунитски и шиитски научници. Тие истакнаа дека претставниците на двете религиозни струи се првенствено муслимани. Во заедничката декларација тие пишуваат дека е недозволиво муслимани да бидат прогласени за неверници. Починатиот во 2015 година саудиски крал Абдула исто така ја потпишал оваа декларација. Но, во неговото кралство и до денес шиитите се прогласени за неверници. Истото го прават и сунитските терористи од таканаречената “Исламска држава”, како и други сунитски екстремисти. Илјадници шиити пак се запишуваат како доброволци, бидејќи гледаат опасност за својата религија. За жал исламот не располага со висока верска инстанца, која ќе ги помири двете религиозни струи и ќе прекине со инструментализирањето на верските разлики за политички цели.