Како орхидејата да цвета во текот на целата година?

од desk4
405 прегледи

Орхидеите се познати по своите деликатни цветови во прекрасни бои, кои толку добро се вклопуваат во вашиот дом и го прават просторот пријатен за престој.

Pixabay

За да имате орхидеја која постојано цвета, потребно е да ги направите овие нешта:

Знајте ја староста на билката кога ја купувате

Орхидејата цвета во периодот кога е стара 1,5 до 3 години. Ако билката е млада, а веќе цветала, тоа не е добар знак бидејќи веќе нема „сила“. Здравата орхидеја има 5 до 8 изданоци, спремни за процветување.

Не ја поместувајте

Поместувањето е вистински стрес за орхидеите. Тие не сакаат ниту мали движења. Најдобро е да ја полевате на местото каде сте ја оставиле, а не да ја носите до чешмата.

Следете ги корените

Користете пластична проѕирна саксија, благодарение на која можете да видите дали корените се здрави. Сувите делови треба да се искројат.

Водете сметка за светлината

На орхидејата ѝ треба доволно дневна светлина, па затоа не ја ставајте во сенка на други собни растенија. Понекогаш, во зима, кога денот е пократок, може да треба да ја осветлувате со ламба.

Соодветна температура

За да цвета, ноќната температура треба да биде 4-6 степени пониска од дневната. Во лето можете да ја држите на поотворено место, додека во зима мора да проветрувате барем двапати во денот.

Полевајте ја правилно

Пред и за време на цветањето, треба да ја полевате секојдневно. Кога мирува, орхидејата полевајте ја на секои 12 дена. Консултирајте се со цвеќарите кои ви ја продаваат дали треба тој тип на орхидеја да се потопува во вода или само да се пропрскува.

Влажност на воздухот

На орхидејата ѝ е потребна влажност на воздухот до 60% за да може да цвета почесто.

Изберете добро ѓубриво

За орхидејата да цвета, потребно е да и додадете течно ѓубриво наменето токму за оваа билка, богато со калциум и фосфор. Никогаш не користете ѓубриво на база на азот.

„Исплашете“ ја

Добро читате, ако ги има сите услови, а сепак не цвета, приредете ѝ мал стрес, поместување неколку минути или намалете на полевање. Цвеќарите велат дека овој трик навистина делува.

Слични содржини