Како Пекинг се бори со аерозагадувањето?

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Кина е една од најзагадените земји во светот, бидејќи просечната загаденост е 10 пати поголема од онаа коа ја препорачува Светската Здравствена Организација, односно 25 ПМ честички на кубен метар.

Кина во 2014 година објави војна на загадувањето на воздухот, па за таа цел, во Пекинг беше поставена т.н. Кула ослободувач од смог.

Кулата е висока 7 метри, а беше отворена во Пекинг во септември минатата година.

Кулата го намалува аерозагадувањето на тој начин, што го собира воздухот, преку филтри го прочистува од загадените честички и потоа повторно го враќа назад.

Повеќе од три милиони луѓе годишно умираат поради загаденоста на воздухот, но неколку современи технолошки уреди може да ни помогнат, во иднина да дишеме многу полесно.

Според експертите најсмртоносни се ПМ честичките и азотните оксиди.