Како Porsche влезе во битката со електромобилите?

од Vladimir Zorba
308 прегледи

Пазарот на електрични автомобили станува се поинтригантен. Се повеќе производители влегуваат во игра, а тоа само може да не радува. Само оваа година очекуваме големи работи како Jaguar I-Pace, кој ќе се појави уште следниот месец, а за подоцна во текот на годината Audi ни подготвува e-tron. Што има во својот ракав Porsche? Одговорот е Mission E. Ова е грациозен модел со 4 врати, кој ветува моќност од 600 КС и 500 километри километри со едно полнење на батериите. Концептниот Mission E беше претставен уште во 2015 година, а сега станаа јасни малку повеќе детали.

Според зборовите на Стефан Векбах, кој го предводи одделот за електрични автомобили во Porsche, иако Mission E нема мотор со внатрешно согорување, се уште ќе се чувствува како вистинско Porsche. Според него, фактот дека целиот тим работи сложно на овој проект, има фундаментално значење и производот ќе им се допадне на клиентите, а и ќе го заслужи правото да го носи амблемот на Porsche.

Иако електричните автомобили не се специјалност на Porsche, компанијата може брзо да научи. Доказ е 919 хибридот, кој победи на натпреварот Ле Ман три пати по ред – помеѓу 2015 и 2017 година. Се разбира, Германците имаат потенцијал да се борат со Tesla. Но, тие исто така имаат и други придобивки. Електричните автомобили не се само мотор и батерии. Шасија, сопирачки, енетериер, надворешност – ова е местото каде долгото искуство на Porsche може да блесне.

Дури и спортски автомобили на Porsche отсекогаш биле и практични, колку што било можно. Mission E не е исклучок со неговиот 100-литарски волумен за багаж. Батериите се наоѓаат помеѓу двата моста, во средината на возилото, но дури и тие се специјално дизајнирани за да има доволно простор за нозете на патниците.

Уште поважно, што научивме е дека Porsche, заедно со другите членови на Volkswagen Group, ќе изгради мрежа од станици за брзо полнење низ цела Европа и САД. Веќе е познато дека Mission E ќе се потпре на 800V архитектура која ќе овозможи полнење доволно за 400 километри за 20 минути. Во Европа, VW Group ќе соработува со надворешни компании за спроведување на проектот, додека во САД, компанијата ќе работи целосно сама.

Претседателот на Porsche Cars North America, Клаус Зелмер соопшти дека еден од приоритетите на компанијата ќе биде да ги снабди сите свои претставништва (189 на број) на територијата на САД со 800-волтен полначи. За да ги задоволи очекувањата на своите клиенти, Porsche ќе се обиде да изгради мрежа на станици за полнење во градовите и автопатиштата што е соодветно за нивните потреби. Сепак, Европа и, пред сè, Германија останува врвен приоритет, каде што компанијата ќе работи најмногу за да им олесни на своите клиенти.

Слични содржини