Минатата година и пандемијата на коронавирусот нè научија дека хигиената е исклучително важна.
Миењето раце после употреба на тоалетот се подразбира, но во оној момент кога започнавме да ги користиме мобилните телефони додека седиме на веце шољата, треба да нè предупреди дека нашиот телефон е всушност повалкан од самата веце шоља, пренесува „Дневно.рс“.
Кога пуштате вода, знајте дека бактериите можат да се најдат и на вашиот мобилен телефон, затоа миењето на рацете нема да биде доволно за да се ослободите од ешерихија коли!
Повеќето луѓе користат влажни марамици за бришење на телефонот, но тоа не е доволно. Најдобро е да измешате 60 отсто вода и 40 отсто алкохол од аптека, да натопите крпа и добро да ја исцедите, па со неа да го избришете телефонот.
Ако сте здрави, доволно е да го правите тоа неколку пати месечно, но кога ќе се разболите, практикувајте почесто вакво чистење.