Како преминот кон летното сметање на времето влијае на вашето тело?

од Nikola Popovski
356 прегледи

Последиците од преминот кон летното сметање на времето може да ги почувствува нашето тело неколку дена, а најголемата промена се чувствува во текот на првите два до три дена по поместувањето на часовникот.

Научниците од германскиот универзитет Лудвиг-Максимилијан докажаа на примерок од 55.000 испитаници дека луѓето спијат дури 20 минути пократко во текот на летото поради поместување на стрелките од часовникот.

Американските научници тврдат дека ризикот од мозочен удар во Финска се зголемил за осум проценти во текот на првите два дена од почетокот на преминот кон летното сметање на времето, во споредба со две недели пред и по поместување на часовникот, а истите резултати биле забележани и подоцна во октомври.

Сепак, шведските научници заклучиле дека бројот на срцеви удари се намалува за 21% во неделата по свртувањето на часовникот наназад, додека во пролетта срцевиот ритам се зголемува седум дена по поместувањето на часовникот напред.

Штетниот ефект врз срцето е најизразен во првите три дена по неделата во која е вклучено летното време. Покрај тоа, учениците се помалку способни да решаваат задачи и се помалку во можност да следат часови по помесување на часовникот напред.

Оваа промена исто така може да влијае на расположението, апетитот, но и на работата.

Расположение

Иако вечерва ќе спиете еден час пократко, оваа промена има и една позитивна страна, а тоа е дека еден дополнителен час сончева светлина може да има многу позитивно влијание врз вашето расположение.

Апетит

Веќе е добро познато дека рутината на јадење оброк се менува, ако редовниот циклус на спиење е нарушен поради некоја причина. Истото се случува со поместувањеto на часовникот. Исто така, постои можност да го изгубите апетитот или одеднаш да почувствувате голема желба за брза и неквалитетна храна.

Бизнис

Исто како и секоја работа во животот, и оваа има и позитивни и негативни страни. Поместување на часовникот може да донесе помалку концентрација на работното место, особено првата недела по поместување на часовникот. Но, добрата вест е дека вашето тело брзо ќе се прилагоди на промените.

Слични содржини