Како првиот секс ги дефинира идните врски

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Според некои начинот на кој една жена го загубила својата невиност е показател за тоа каков ќе биде во иднина нејзиниот сексуален живот и врските.7445371fe06240b7ab8fe7ffc3a5c06b

Можеби е премногу силно кажано, но не може да се негира дека има доза логика во ова тврдење. Ако губењето на невиноста се поврзува со пријатни емоции околу самиот чин, веројатно на сексот ќе се гледа како нешто убаво, пријатно, а жената ќе гледа со поголема доверба кон идните партнери.

Спротивното може да се случи, ако првиот пат е трауматичен. Научници од универзитетите во Мисисипи и Тенеси утврдиле дека начинот на губењето на невиноста може да биде решителен за целиот живот на жената.

И навистина – може да не го паметиме секој чин во животот, но првиот пат сигурно сте го запаметиле.

Сексологот Трејси Кокс раскажува приказни со кои се борела во практиката.

“Бев пијана и ме натераа”

“Бев на 13, бев пијана. Едно момче, со кое се запознав на забавата, ме натера.Тој ме притискаше, јас му реков дека не сакам, но пак бев единствената во друштвото која беше девица и сите ми се смееја “, се сеќава девојката.

Момчето ѝ рекло дека не е убава и треба да е благодарна дека тој ја побарал. “Ме натера да се чувствувам грда и глупава”, додава таа.

Таа не се сеќава на повеќе од самиот чин, бидејќи била вознемирена. По сексот момчето веднаш си отишло, им раскажало на сите на забавата што се случило, а таа се прибрала расплакана дома.

“Не направив добар избор тогаш, не правам добри избори и сега. Сега сум на 38 години и горко жалам за претходните врски. Изгледа тоа ми била судбината – да ме повредуваат и да ме напуштат “, раскажува таа. Самооценката уште е ниска и не верува на мажи.

“Невиноста ја изгубив со мажот”

Тој бил на 16, а таа на 17. Оттогаш поминале 30 години. “Бевме и двајцата без никакво искуство и немавме идеја што правиме, беше непријатно и болно”, се сеќава пациентка на Трејси. Тогаш таа дури и не знаела дека жените можат да доживеат оргазам за време на секс.

Потоа ги научиве нашите тела и сè стана поубаво со времето.

Понатаму сепак работите не оделе ко мед и масло. Во почетокот на бракот и двајцата искусиле неверства. Веројатно затоа што никој од нив немал друга врска и биле љубопитни. Но, неверствата раниле и двајцата и решиле да останат заедно и да бидат искрени еден со друг. Научиле во спалната работи кои им биле интересни и сега се целосно среќни.

“Верниците-родители ме фатија”

“Моите родители беа многу големи верници и темата за сексот беше табу. Дури не сме ни разговарале. Знаев дека тоа е нешто што се прави по свадбата. Се разбира тоа го правеше уште попривлечен за мене “, раскажува трета пациентка на Трејси.

Една вечер родителите на девојката излегле. Таа го поканила својот дечко. Била на 17. Пуштила силно музика и работите точно се случиле кога родителите влегле. Нејзиниот татко го исфрлил момчето надвор, а мајка и паднала на земјата во плач.

Ѝ објаснила на мајка си дека ништо не се случило и дека сите нејзини пријателки веќе поминале низ тоа. Мајка ѝ сепак никогаш не ѝ простила. “Дури по многу години ми беше срам дури и кога си размислував за секс”, раскажува таа.

“Мојата прва врска потоа беше 6 години подоцна, кога бев на 23 години и бев иселена од дома. Сепак не можев да се опуштам и страдав од болни вагинални грчеви кои ѝ пречеа на пенетрацијата “, се сеќава девојката.

Почнав да  посетувам терапевт кој ќе ми помогне да се опуштам. Сега, на 31 година, веќе е подобро. Но, никогаш нема да сум авантуристка во кревет. Признавам дека сексот нема никогаш да е нешто што ќе го правам со задоволство.