Како Путин може да ги финансира трошоците за евентуална војна во Украина?

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Како рускиот претседател Владимир Путин би ги издржал трошоците за евентуална војна во Украина? Тоа нема да биде голем предизвик – тој се подготвува за тоа со години. Резервите на руската централна банка се на рекордно ниво – изнесуваат 640 милијарди долари. Може да се каже дека тоа е еквивалентно на 17-месечни приходи од извоз на земјата.

Русија извезува околу 5 милиони барели сурова нафта и 2,5 милиони барели рафинирани нафтени деривати дневно, според Cowen & Co. Ова претставува околу 10% од светската трговија со нафта. Сортата „Брент“ достигна осумгодишен максимум (88,8 долари). Грубо кажано, тоа значи 600 милиони долари само од извоз на нафтени деривати, пишува „Форбс“.

Покрај тоа, Русија секојдневно извезува огромни количини природен гас. Експертите предвидуваат дека оваа година ќе биде рекордна за производство на природен гас во земјата – Русија ќе испумпува 763 милијарди кубни метри гас, соопшти Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Сега земјата извезува природен гас во вредност од 400 милиони долари дневно по повисоки европски цени.

Путин напорно работи на „дедоларизација“ на руската економија. Во 2013 година, на Русија за 95% од нејзиниот извоз во Бразил, Индија, Јужна Африка и Кина и се плаќаше во долари. Според Конгресната служба за истражување, денес само 10% од оваа трговија е во долари.

Претседателот, исто така, создаде нови системи за обработка на плаќања како замена за глобалниот банкарски систем SWIFT. Претходно американскиот претседател Бајден се закани дека ќе го прекине пристапот на Русија до него. Во 2015 година, Москва ја лансираше платформата за плаќање „Мир“, која дури е поврзана со Apple Pay.

Путин се повеќе ја заменува трговијата со долари со злато. Пред околу 30 години, златните резерви на Русија беа во вредност од само 2 милијарди долари, додека сега вредат 130 милијарди долари, или 20% од вкупните резерви на земјата.

Очигледно Путин инвестира во својата војска. Расходите за оваа ставка се зголемија на 90 милијарди долари 2013 година, пред инвазијата на Крим, и изнесуваа 60 милијарди долари во 2020 година, според Светската банка.

Ова е слабо во споредба со американските воени трошоци од 780 милијарди долари и 250 милијарди долари на Кина во 2020 година, иако Русија троши повеќе како процент од БДП.

Но, Путин може да ги зголеми трошоците ако сака – според BNP Paribas, јавниот долг на Русија е 18% од БДП, додека вкупниот надворешен долг е под 30% од БДП.