Како реагираше Америка на пресудата за убиството на Џорџ Флојд

од Stefanija Kuzmanovska
376 прегледи

Солзи, радост и страв – вака реагираа луѓето ширум Соединетите држави на веста дека поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин, е прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, кој клечеше на вратот на Афроамериканецот повеќе од девет минути во мај 2020 година.

Поротата во Минеаполис го прогласи Шовин за виновен по сите три точки од обвинението: убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Судијата ќе му изрече казна во рок од осум недели, а Шовин беше однесен во затвор.

Прослава имаше пред судницата во Минеаполис и на плоштадот Џорџ Флојд во тој град, односно на местото каде што беше убиен.

Слични содржини