Како реално треба да се вика ‘Dislike’ копчето на Facebook ?

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Фејсбук конечно ги слуша своите корисниците и ја разгледува можноста на додавање “Не ми се допаѓа” / “Dislike” копче на сајтот за социјално вмрежување. За речиси 1,5 милијарди корисници  кои до сеа беа принудени да им се “допаѓа” сé до сега, без разлика колку негативни – погреби, неуспешни операции, изгубена работа, нема веќе McDonalds,  – извршениот директор Марк Цукерберг нуди нешто ново. Компанијата дури е блиску до тест верзија, Цукерберг најави за време на јавна Q & A сесија вчера.

Facebook_Q_A_Mark_Zuckerberg.0.0

Се разбира, тоа може и да не се вика “Dislike” копче. Всушност, основната цел на Фејсбук е да им овозможи на корисниците да “изразат сочувство”, додаде Закерберг, во ситуации во кои лајкување статус, статија или слика е несоодветно. Тоа значи дека “Dislike” копче, најверојатно не е веќе во игра, така што не е доволно комплексно за она што Цукерберг сака да го направи. И сите знаеме колку е суптилен Фејсбук. Многу од начините на кој комуницираме на сајтот, од пасивно агресивниот Like па Poke-от и се манипулативната употреба на Seen може да има скриени значења. Оние значења се менуваат во зависност од пријателот со кој ние сме во интеракција, давајќи им на корисниците на Фејсбук серија на социјални знаци кои одат подлабоко и од зборови.

Па затоа обидувајќи се да ги разграничиме обичните емоции што сакаме да ги изразиме кога гледаме некои постови на Фејсбук, ние имавме неколку идеи за како може да се вика новото ‘Dislike’ копче.

  • “Извини” копче
  • “Го видов ова” копче
  • “У принцип и не е некоја голема работа ова” копче
  • “Ми се свиѓаш ама немам ништо битно да ти кажам” копче
  • “Песнава не беше добра и првиот пат кога ја шерна” копче
  • “Само мајка ти може да те сака со таа кошула” копче
  • “Те молам престани да ја менуваш профилната цело време” копче
  • “Твојот политички дискурс е тотално небитен” копче
  • “Мотивациониве слики не сум ги видел некој успешен да ги стави” копче
  • “Ти благодарам за споделенава информација, не знаев што ќе правев без неа денес” копче