Битката за старателство над нивните шест деца продолжува, иако документите за развод меѓу Анџелина Џоли и Бред Пит беа поднесени во 2016 година. И во нивниот случај, сè оди – чекор напред, два назад – и така натаму пет години. И токму кога сè изгледа идеално и кога се чини дека ќе завршат сите овие судски процеси, рочишта и докази, се појавува нешто ново.
На последното рочиште, актерката Анџелина Џоли доставила документи до судот во кој жестоко го обвинува својот поранешен сопруг Бред Пит за домашно злоставување, додавајќи дека таа и нивните деца се подготвени да сведочат против него и дека ќе достават валидни докази.
Нејзиниот потег го скршил Бред Пит, кој не може да поверува што му направи неговата поранешна сопруга.
„Срцето на Бреда е скршено затоа што Анџелина реши да оди по тој пат. Многу емоции останаа неизречени по нивниот брак. Тој е доволно паметен да преземе одговорност за сите свои лоши постапки, вклучувајќи го и фактот дека престана да пие алкохол. Нивниот брак беше особено страствен, но истовремено и токсичен, и како пар имаа многу расправии, но и многу љубов“, откри извор близок до холивудскиот актер, додавајќи дека Брет Пит никогаш не бил уапсен или обвинет за злоупотреба или физички напад за време на неговиот брак со Анџелина Џоли, и нема полициски извештаи за нејзините наводи.
Сето ова дополнително го оддалечи Бред Пит од нивните деца, правејќи го очаен. Судскиот процес веројатно треба конечно да заврши следниот месец.