Науката создава немири, уништува цели цивилизации и ги оддалечува луѓето од Бог – на ова се учат децата во јорданските училишта. И ги охрабруваат да грабнат оружје против друговерците. Анализа од DW:

Една Фреска во основното училиште буди вистински ужас. Сликата се нарекува “Казна за пропуштени молитви” и ги покажува труповите на две девојчиња. Првото, истрајно во молитвите, е поставено нежно врз килим од зелени листови и сјае во вистинско сјај. Трупот на второто девојче, мрзливо во молитвите, е изгорено, изобличено и потопено во крв, а околу него се обвива змија.
Децата во училиштето ме распрашуваат за рајот и пеколот. Ми раскажуваат и за она што тие го научиле од наставниците за пеколот. При тоа не во наставата по религија, туку по предмети како математика и уметност. Многумина педагози во Јордан постојано се жалат дека децата во градинките и во училиштата се подложени на безмилосна верска индоктринација. Дека постојано ги занимаваат со прашањата за гревот и казната, наместо да ги учат на уметност, музика, логика, наука, а во занималните и училниците се зборува најмногу за џихад и за муџахедини, за животот во другиот свет и за долгот на муслиманите да ја шират својата вера во светот.
“Науката води до повеќе разводи и повеќе дрога”
Арапските деца учат за “Казната на грешниците во гробот”, за пеколот и задгробниот живот, но не знаат ништо за правото и законите во овој свет. Постојано ги занимаваат со доблестите на жената, која треба да се покорува на мажот – а за жената како човечко суштество никој не кажува ни збор. На еден семинар во Аман експертите открија дека во учебниците повеќето жени се прикажани со шамии, а за христијанството не се споменува ниту збор. Педагогот Далај Салам обрнува внимание на една тајна порака која се пренесува на децата: заедничкиот живот во мир е доблест на муслиман, а еден добар муслиман никогаш не предизвикува зло на друг муслиман. И уште: “сите муслимани сакаат другите муслимани го заштитат нивниот имот и не им штетат со зборови и дела”.
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ добро ќе им дојде на непријателите на Западот
Д-р Докан Обајдат ги зема под лупа учебниците по општа култура. Во лекцијата за “модерните природни науки”, на пример, децата учат дека науката носи одреден корист за земјоделството, но инаку само создава немири, уништува цели цивилизации, ги промовира секуларизацијата и материјализмот и доведува до појава на огромни анонимни градови. Според наставниот план, науката ги оддалечува луѓето од богослужбите, од религијата, од семејството и природата, од чест, љубовта и пријателството: “Науката води до повеќе разводи, повеќе дрога и уништување на природата”.
“Исламистите веќе со децении ја држат контролата над Министерството за образование и одржуваат исламизација на наставните планови”, тврди експертот Хосни Ајеш. Според него исламизацијата веќе влезе и во научни специјалности како физика, биологија и хемија. На училиште сите часови започнуваат со цитати од Куранот или од пророкот Мухамед, а на тој начин се гради директна врска помеѓу изучуваните предмети и религијата, појаснува тој. А поетесата Зулејка Абу Риша го пишува следново за еден учебник по религија за 10-то одделение: “На децата им се вели дека треба да грабнат оружје против друговерците. За какво толерантно општество и за каков толерантен ислам можеме да зборуваме откако учебникот ги занимава децата само со битки, со казнување на неверниците со џихад, со фер пролеана крв, со присилна промена на религијата, ако сакаш да останеш жив … за задолжителните молитви пак воопшто да не зборуваме “.
Загрижувачка е ситуацијата и со квалификациите на наставниците – без разлика дали станува збор за природни науки, религија или арапски јазик. Многу често професорите се пројавуваат како луѓе од психолошки и социјални установи, кои не умеат да ги обучуваат и воспитуваат децата. И затоа самите наставници имаат итна потреба од обука и квалификација. Од радикална промена имаат потреба и наставните планови, да не зборуваме за застарените методи на учење. Многумина набљудувачи тврдат дека наставните планови се процедувани од идеите на “Исламска држава”, од архаични ставови, суеверија, метафизиката и ксенофобија. За да се излезе од оваа ситуација, итно треба да се преземат неколку мерки:
Што треба да се направи
Прво, сите учебници да бидат препишани и повторно и да се донесат во склад со модерните педагошки методи и наставни содржини во развиените земји. Децата треба да добиваат за исламот и за вредностите на хуманизмот таква информација, која не ги внесува во внатрешни конфликти и конфузија. Во училиште религијата треба да се третира само како дел од секојдневието , таа не смее да создава позадина за страшни и заканувачки поуки од сферата на метафизички шпекулации за какви децата воопшто не се интелектуално подготвени. Педагозите се обврзани да ги користат методите на науката и да ги воведат во обуката инструментите на критиката, анализата, образложението, логиката и философијата.
Второ, наставниците треба да се избираат по најстрогите критериуми. Ова е особено важно за основно училиште. Потребно е уште да се подобрат условите за работа, платите и социјалната сигурност на наставниците, за да им се обезбеди мир во дневната одговорна работа.
И трето, потребна е законска рамка. Оние наставници кои ги кршат професионалните принципи кои не ги исполнуваат условите или пак ги хранат учениците со невистини, за да ги насочат кон одредена идеологија, би требало да претрпат соодветната одговорност. Затоа што ги инфицираат мозоците на децата, всушност ја инфицираат целата нација. Ја уништуваат нашата иднина.