Како се случи преврат во Бразил, земја членка на БРИКС- организација на Путин

од desk3
103 прегледи

Дилма Русеф стана во четвртокот првиот претседател на Бразил, отстранет од функцијата, од повеќе од 20 години. По устав функцијата треба да ја преземе заменикот Мишел Темер, кој ќе го помине мандатот до редовните избори во 2018 година Ова е крај на 13 последователни години на проблематично управување на левата Работничка партија, како и на вториот мандат на првата жена која се најде на врвот на најбројната јужноамериканска земја.

220684247

За последните 52 години само 4 претседатели на Бразил биле избирани директно и двајца од нив биле подложени на импичмент. Само 22 од присутните 77 сенатори ја поддржаа Русеф, а 55 гласа против неа, и беа доволни за конечното нејзино отстранување и откако ќе заврши истрагата и евентуалниот судски процес против неа.

Неколку часа подоцна таа се обрати на нацијата во кое вели дека случувањата се државен удар од страна на противниците . Не сум извршила никакво злосторство, не сум земала поткуп, а од изборот опозицијата отворено ме саботира и го организира целиот овој заговор за моја интерпелација против кој ќе продолжам да се борам, додаде претседателот.

DW: Сите против Ердоган!

Специјалната комисија ќе ги испитува обвинувањата против претседателката и овој процес може да потрае и до 180 дена. Ако конечно две третини од сенаторите ја најдат Русеф за виновна, таа ќе биде симната трајно од власт.

Каде згреши?
Главното обвинение е дека користела контролирани од државата банки, за да финансира социјални програми, без да објави јавни постапки. Сигналите за проблеми околу управувањето на државниот буџет се појавија уште во 2013 година, односно во годината пред да биде избрана за втор мандат. Таков пример е програмата за семејни надоместоци, која доделуваше средства на сиромашните бразилски семејства, под услов да ги праќаат своите деца на училиште и да им даваат прават потребните вакцини.

zx620y348_2758960

Во такви случаи обично владејачките обезбедуваа средства на одредена банка, која ги распределува кон сиромашните граѓани. Во 2013 година една од овие банки се пожали дека владата не преведува редовно средства и треба да ги финансира програмите со сопствени средства. Во следните години, проблемот се продлабочи уште повеќе до големина на десетици милијарди долари задоцнети плаќања. “Загуби” имало и кај претходните претседатели, но во многу помал обем – околу 290 милиони долари “при Фернандо Кардозо во 2001-2002 година против 10 милијарди долари за 2013 година и уште 15 милијарди долари во 2014 година при Дилма Русеф.

Дали е политизиран процес

Според критичарите на претседателот во 2015 година таа издаде 6 укази за распределување на пари од федералниот буџет без одобрение на Конгресот, што според опозицијата е доволна причина за импичмент.

Приврзаниците на претседателот ја бранат со аргументот дека нејзините дејства се мотивирани од барањето на Владата да ја завршува буџетската година на плус. Во 2015 година беше регистриран голем дефицит поради потребата од покривање на натрупаните долгови на заостанатите долгови кон банки.

Голем дел од Бразилците сметаат дека таа е виновна за тешката економска криза и огромните корупциски шеми, на кои Русеф не успеала да возврати. Многу експерти сметаат дека одлуката за нејзиното отстранување е повеќе политичко отколку правно мотивирано, и треба да одговори на очекувањата на населението за промена и подобрување на животниот стандард.