Како се станува машина за убивање на луѓе

од desk3
109 прегледи

 

Како исламистите успеваат да радикализираат дури деца и да ги претворат во бестрашни машини за убивање на луѓе? Две либански сестри раскажуваат за средбите со приведените во еден бејрутски затвор-пишува DW

0,,17369686_303,00

“Ќе те убиеме тебе, сестра ти и целото твое семејство”, се заканува затвореникот. Слични обиди за заплашување, сепак не можат да ја натераат Маја Јамут да прекине со работата во блок Б на затворот Руми во Бејрут. Таму се уапсени 160 лица осомничени за тероризам. Заедно со својата сестра Ненси, Маја Јамут се обидува да разбере зошто овие млади мажи се приклучуваат кон “Исламска држава” и други терористички организации. Во текот на две години речиси секојдневно двете млади девојки го посетуваат затворот и разговараат со затворениците. Најтешко се покажало да се добие нивната доверба.

Во Либан радикалните исламистички групи не успеваат да заврбуваат толку многу млади мажи, колку во Сирија или Ирак. Во “светата војна” на самопрогласениот калиф Абу Бакр ал Багдади сепак гинат и либански граѓани како на пример поранешниот студент по право Алаа ал Хосни. Неговата смрт предизвика шок во Либан. Имаше и доста други загрижувачки настани. Минатата година во Триполи се дојде до жестоки судири меѓу радикалните исламисти и либанската армија. Терористички клетки се јавуваат главно во конзервативниот кварт Баб ал-Таба, каде радикални сунитски шеици проповедаат еден силно краен ислам. Засега бројот на нивните приврзаници уште е мал, но и тоа не е причина за смирување.

Перење на мозокот во затвор

Бидејќи исламистите врбуваат нови борци и меѓу затворениците, двете сестри одлучуваат да разговараат со притворените во Руми: “Терористите им ги мијат мозоците на младите мажи во затвор”, вели Маја. Таа раскажува за средбите со млад затвореник од сиромашно семејство, кој бил 16-годишен, кога од глад се принудил да изврши “услуга” на еден од радикалните шеици – да пренесе експлозиви. Властите го притвориле во Руми, каде поминал 8 години без пресуда. Откако излегол на слобода, тој ја повикал Маја и и рекол дека ќе се приклучи на “Исламската држава” во Сирија.

0,,18185416_401,00

Маја смета дека судскиот систем во Либан исто така придонесува за радикализирањето на младите. Судските процеси се точат врз бескрајно слабите, а тоа им овозможува на исламистите во затворите да ги радикализираат дури и оние кои првично немале ништо заедничко со тероризмот. Маја и Ненси се бореле долго додека ја добиле довербата на 20 затвореници, осомничени за тероризам. Прво требало да го убедат т.н. Емир во затвор, дека прават само истражувачка работа. Емирот се избира од самите затвореници, за да ги претставува и да ги брани нивните интереси. Сегашниот Емир на затворот Руми, познат под псевдонимот Абу Валид, е либанец и член на Ал Каеда. По долги разговори тој конечно дал на двете сестри дозвола да разговараат со затворениците.

Целта на Маја и Ненси е да се разбере што ги турка младите мажи во рацете на радикалните исламисти. За време на нивните разговори со затворениците, двете сестри се соочуваат со ист феномен: “Повеќето од 20-те анкетирани затвореници пораснале без татковци или пак имале родител, кого го запаметиле само со појавите на насилство”, објаснува Ненси. Особено во тинејнџерска возраст слични младинци лесно подлегнуваат на манипулација.

Барајќи идентитет и признание, тие често паѓаат во рацете на радикални исламисти. Маја и Ненси спроведуваат семинари со младинци на возраст меѓу 11 и 16 години во различни либански училишта. Повеќето од нив се од Сирија, каде се соочуваат со многу насилство. “Терористите кои ние ги анкетиравме во затвор Руми, биле конфронтирани со постојано насилство уште како деца. Организацијата, основана од двете сетри се нарекува” Rescue me “, или” Спаси ме “.

0,,17863076_401,00
На еден од семинарите , двете сестри сретнале младинев, кој се подготвувал да замине во детски камп за обука на “Исламска држава” . Од него Маја учи како терористите ги претвораат младите во машини за убивање: “Борец од ИД му дал автомат и му заповедал да пука во еден камен. Момчето пукало. Потоа требало да погодите една мачка, а потоа да пука во труп на убиен човек, а конечно и жив човек “, раскажува Маја.

Работата на двете либански сестри помага на многу деца и млади да се одвојат од терористите и да го најдат својот вистински пат во животот. Тие би сакале да помогнат на многу повеќе млади, но средствата на нивната организација се ограничени.

“Имаме потреба од поддршка”, вели Ненси и ни покажува една слика од смартфонот . На неа се гледа млад човек со долга брада и автомат Калашников во раце: “Ова е еден од мачениците на ИД”, вели Ненси и нејзините раце трепереа. “Сестра ми и јас вршиме оваа работа, бидејќи и наши пријатели падне во рацете на слични групи. Сакаме да продолжиме!