Како се станува светец за1 милион евра!

од desk3
129 прегледи

Чудо може навистина да се случи, но немаш ли пари, не можеш да го докажеш. Оттука извршителот не може да стане светец.

Новата книга на ТВ новинарот Џанлуиџи Нуци “Виа Кручис”, излегла овие денови во Италија, го води читателот низ длабочините на Ватикан. Се се сумира со два збора- таа открива како се потребни милиони за да биде канонизиран некој за светец во Католичката црква.

papa

Клучна фигура во секој процес на канонизирање е т.н. адвокат постулатор – во канонското право тоа е адвокатот кој го означува почетокот на случајот по беатификацијата. Тој треба да ја испита и покаже наводната светост и да ги демонстрира доказите за неа во форма на чуда.

Нуци уште во почетокот открива како папата Францис веднаш по изборот нареди истрага на сообраќајот за милиони евра во круговите на Конгрегацијата, која се занимава со канонизацијата. Новосоздадената од папата Комисија за реформа на црковните финансии наложи да бидат блокирани 409 сметки во Институтот за религиозни дела, попознат како ватиканската банка. Тие се за вкупно 40 милиони евра.

Меѓу сопствениците на предметните сметки е и прекрасниот монсињор Георг Генсвајн, кого во жолтите хроники често нарекуваат ватиканскиот Џорџ Клуни. Историскиот личен секретар на почесниот папа Бенедикт XVI во моментов е истовремено и префектот на Папската куќа на Фрациск, што значи дека располага со официјалните Аудиенции и програмата на папата.

Меѓу луѓето со блокирани сметки е и отец Антонио Марацо, постулаторот по беатификацијата на папата Павле VI, Џовани Батиста Монтини, како и монсињор Винченцо Палија, кој го предводи Папскиот совет за семејството.

На крајот на 2013 година, Комисијата назначена од папата, деблокира 114 од 409 сметки.

Како сепак се станува светец во Католичката црква и колку го чини тоа Ватикан?

Како секој процес во Италија и оние во Католичката црква имаат цена, бидејќи за нив се плаќа на обвинители, експерти и адвокати. Згора процесите за канонизирање се долги, понекогаш траат и со децении.

Постулаторите се главните фигури. Во Ватикан се двајца адвокати, кои според Нуци ја држат контролата над делата за светците. Едниот од нив е Андреа Амбрози – тој е тесно специјализиран за светци.

Да станеш постулатор сепак не е воопшто едноставно – и за тоа има дозвола. Таа може да се земе само откако че се посети курс за постулатори, по што се полага и испит.

Семсјтвото на адвокатот Амбрози на врвот е и сопственик на печатницата за документите и актите на делата за светителите, а тоа значи милиони профит. Другиот адвокат, кој се занимава со овие случаи, е Силвија Кореале.

Според авторот на книгата една “светост” го чини во просек на Ватикан меѓу 400 илјади и 500 илјади евра. За некои личности како филозофот Антонио Розмини сепак процесот чинел 750 илјади евра, половина се потрошил на церемонијата на беатификацијата.

Уште со отворањето на дадено дело се плаќа “депозит” од 20 000 евра
Кон нив потоа се додаваат и средствата за “службени”, трошоците за преводот на документите на латински, официјалниот јазик на Светата Столица и др.

Милионите за беатифициране се сепак жешката тема и на втора книга, излезена пак овие денови во Италија – “Алчност”. Нејзин автор е Емилијано Фитипалди. Освен што раскажува како секое од делата за канонизирање чини стотици илјади евра, тој го открива и недостатокот на недоволна транспарентност при отворањето на некои од нив.

Авторот го цитира “шефот” на постулаторниот кардинал Анџело Амато, според кого не постои ниту листа на направените трошоци во текот на годините, ниту буџет на комисијата. Или со други зборови, станува збор за нешто како бунар без дно. Фитипалди раскажува како пред 2 година на пример Шпанка од Палма де Мајорка поднела 482 000 евра во ватиканската банка за канонизирање на Франсиско Ана де лос Долорес.

“Фабриката” за светци се раѓа всушност во 1588 година по идеја на папата Папа Сикст V.

Како недостижен ударник во производството на светци се смета папата Јован Павле II. Во неговото време се прогласени 1338 блажени и 482 светци.

Се истражува протекувањето информации од Ватикан.

Одливот на тајни документи и податоци од Ватикан доведе до отворање на дело од Обвинителството во градот Терни, кое се однесува на експертот за јавни врски и комуникации во Ватикан Франческа Чаоки и сопругот Корадо образи, во минатото компјутерски експерт во Светата столица. Наводните злосторства извршени од нив се поврзани со кражба на документи од странски компјутери.

Се претпоставува дека се украдени стотици тајни документи, кои се однесуваат на управувањето на ватиканската банка и активностите на постулаторите. Од документите станувало јасно како било плаќано мито за беатификација и канонизирње на светци. Според претпоставките двајцата потоа ги користеле добиените информации, за да изнудат з услуги и фаворизирање како за нив самите, така и за нивните блиски. Се претпоставува дека двојката стихнала до информации за сметки во ватиканската банка на нерелигиозни лица, главно адвокати постулатори. Сомневањата се дека станува збор за полнење на пари со цел пилотирање на одредени дела. Парите биле давани како за забрзување “по брза лента” на дадени дела, така и на лекарите, чие мислење за делата за чудата било клучно.

Само пред неколку дена пак ватиканската жандармерија го уапси монсињор Лусио Анхел Валехо Балда од “Опус Деј”, секретар на префектурата за економски дела, осомничен како главен виновик за истекот на доверливи информации од Светата столица.