Како сексот може да стане поеколошки?

од Vladimir Zorba
358 прегледи

Кога луѓето бараат начин да го намалат својот јаглероден отпечаток, сексот обично не е една од првите работи на листата. Сепак, излегува дека постојат различни начини на кои сексуалниот живот може да стане биокомпатибилен, пишува Би-Би-Си.

Една од мерките е поврзана со контрацептивни средства. Според податоците на Фондот за население на Обединетите нации, годишно се произведуваат 10 милијарди кондоми, од кои повеќето одат на депонии откако ќе се искористат.

Причината е што тие се направени од синтетички латекс и хемикалии кои не се рециклираат.

Лубрикантите се произведуваат од нафтени продукти. Пакувањето на овие производи е, исто така, направено од производи кои обично се отстрануваат без да се рециклираат.

Во минатото, една од алтернативите беше да се користат кондоми направени од јагнешко или свинско црево. Оваа „технологија“ е позната уште од времето на Римската империја, но не е совршена, бидејќи органската структура на овој тип на контрацепција не им дозволува заштита од сексуално преносливи болести.

Во денешно време, на интернет има понуди за различни замени за конвенционалните кондоми и други секс атрибути. Во TikTok, на пример, има видео кое покажува како може да се направи „домашен“ лубрикант од пченкарен скроб и вода.

Секс играчките се, исто така, меѓу главните загадувачи, бидејќи главно се направени од пластика. Денес на пазарот има различни „зелени“ понуди во овој сегмент, вклучувајќи додатоци од метал, стакло, па дури и оние што се напојуваат од соларни панели.

Сепак, постојат и други аспекти на љубовниот живот кои се поврзани со генерирањето на емисиите на стаклена градина и можат да бидат поодржливи, пишува Би-Би-Си. Примерите што ги наведуваат експертите вклучуваат употреба на помалку топла вода при капење пред и после секс, како и исклучување на светлата.

Слични содржини