Како серијата „Wednesday“ на Тим Бартон го освои светот за само три недели? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Серијата „Wednesday“ на Тим Бартон стана вистински хит, само три недели по премиерата на Нетфликс.

Како што пишува „Гардијан“, серијата со Џена Ортега во главната улога веќе собра милијарда часови гледаност на Нетфликс, а над неа останаа само Squid Game и Stranger Things 4.

Исто така, социјалните мрежи се преплавени со видеа на корисници од целиот свет кои се обидуваат да го имитираат танцот што го изведува Венсдеј Адамс во една епизода од оваа се попопуларна серија.

Додека целиот свет на шоу-бизнисот се прашува како може да се постигне виралниот успех на Бартон со „Wednesday“, фановите со нетрпение ја очекуваат потврдата на Нетфликс дека ќе биде снимена втора сезона.

Во серијата, покрај младата Џена Ортега во улогата на Венсдеј, како директорка на средното училиште игра и Гвендолин Кристи (Бриен од „Игра на тронови“), а потоа Кристина Ричи, Џејми Мекшејн, додека Луис Гузман и Кетрин Зета Џонс ги игра улогите на родителите на Венсдеј, Гомез и Мортиша Адамс.

Слични содржини