Како што е таа чаша полна со вино, ама не е секоја за вино

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Виното се служи во соодветни чаши изработени од тенко, чисто стакло. Најдобро е да се избегнуваат гравирани или обоени чаши затоа што оневозможуваат јасно да се види бојата на виното.

33

Црвеното вино се служи во поширока чаша во форма на лале. Белото вино се служи во чаша која е благо затворена кон врвот. Пенливото вино се служи во високи и тесни чаши кои овозможуваат да се развијат меурчињата од пенливото вино.

 

При ставањето на виното во чаша, треба да се внимава чашата да не се преполни. Најдобро е да се стави вино до половината од чашата, затоа што на тој начин има доволно простор за провртување на виното во чашата, со што се ослободуваат и интензивираат аромите.