Како срамежливоста влијае на ризикот од деменција

од Milan1
38 прегледи

Деменцијата, болест која погодува милиони луѓе ширум светот, сега се повеќе се поврзува не само со генетиката и начинот на живот, туку и со одредени карактеристики на личноста. Најновото истражување спроведено во САД анализирало повеќе од 20.000 возрасни лица на возраст над 50 години за да се процени ризикот од развој на оваа болест.

Научниците открија дека одредени особини на личноста можат да играат улога во намалување или зголемување на ризикот од деменција. Луѓето кои се многу совесни, на пример, покажаа помал ризик од деменција во текот на четиригодишното следење, но не во пократок период од две години.

Хобито и учењето нови работи се покажало како заштитен фактор против деменција во текот на две години, но не по подолг период.

Новите истражувања покажуваат дека одредени особини на личноста, особено срамежливоста, значително влијаат на ризикот од развој на деменција и Алцхајмерова болест. Иако генетиката и возраста остануваат клучни фактори, психолошките карактеристики исто така играат важна улога во одржувањето на когнитивното здравје.

Срамежливите луѓе често се соочуваат со тешкотии во социјалните интеракции, што може да доведе до социјална изолација поврзана со поголем ризик од когнитивно опаѓање, бидејќи недостатокот на интеракција ја намалува стимулацијата на мозокот, пишува „Daily Mail“.

Срамежливите луѓе, исто така, често се чувствуваат вознемирени во социјални ситуации, што може да доведе до хроничен стрес, познат предизвикувач за невродегенеративни болести.

Некои истражувања сугерираат дека луѓето кои се интровертни или повлечени имаат поголем ризик од развој на Алцхајмерова болест. Ова може да биде поврзано со помал ангажман во активности кои го стимулираат мозокот, како што се учење на нови вештини или учество во социјални настани, како и чувство на осаменост, што студиите го поврзуваат со забрзан пад на когнитивните функции.

Модифицирани фактори на ризик

Покрај карактеристиките на личноста, клучна улога во развојот на деменција играат модифицираните фактори на ризик кои можат да се контролираат. Истражувањето објавено во јули покажува дека речиси половина од случаите на Алцхајмеровата болест може да се спречат со намалување на влијанието на 14 фактори на животниот стил, вклучувајќи го високиот холестерол и губењето на видот (кои сочинуваат 10% од случаите на деменција на глобално ниво),  тоа се пред се пушењето, недостаток на физичка активност, прекумерно консумирање алкохол, социјална изолација и загадување на воздухот, кои заедно придонесуваат за 40% од сите случаи.

Иако генетиката и стареењето остануваат неизбежни фактори, нашиот карактер и секојдневните одлуки можат да играат клучна улога во заштитата на мозокот и одржувањето на менталното здравје.

Слични содржини