Мислите дека не е можно три лица да се венчаат? Не дури и во Бразил, каде што три жени со длабок презир кон конзервативните традиции и пошироки сфаќањаго прославија својот брак.
Среќниот трио кое го дели креветот со години, си рече “да” пред нотар во Рио де Жанеиро.
“Овој сојуз не е само симболичен. Трите имаат намера и да раѓаат деца “, изјави нотарот Фернанада Лејтао.
Невестите се 32-годишна бизнисменка, 32-годишна заболекарка и 34-годишна мениџерка. Жените имаат врска од три години и сакаат да ја задржат анонимност пред медиумите.
“Иако создаваат зачинета приказна за гладните за озборувања новинари, трите цури всушност се доста срамежливи”, објасни адвокатот на младоженките.
Иако за трите жени овој брак е вистински, пред законот тој нема никаква сила, бидејќи според бразилското законодавство бракот може да биде само помеѓу двајца луѓе.
“Нашиот брак е плод на љубовта”, рече бизнисменка по свадбата. “Ние се подготвуваме за мојата бременост. Сакаме да имаме права како сите останати родители “, рече 32-годишната жена која изгледа ќе го роди првото дете на триото.
Додека ова е прв трипартитен граѓански сојуз помеѓу жени, слична церемонија се одржа во 2012 година во Сао Паоло, каде маж се венча истовремено за две жени.