Долгоочекуваната средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден се одржа вчера во Женева.
Рускиот претседател пристигна во швајцарскиот град со луксузниот авион „Летечки Кремљ“.
Бајден пристигна на самитот со познатиот авион Air Force One, а она што е можеби помалку познато е дека авионот на Путин чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра) и дека има дури и позлатен тоалет.
Inside Vladimir Putin's £390m plane – and it comes with a gold-plated toilethttps://t.co/75DELe3zBy pic.twitter.com/gkSGqFHyr8
— The Mirror (@DailyMirror) June 16, 2021
Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со беж кожни фотелји.
Како што е неопходно за авионот што го превезува светскиот лидер, тој има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, што може да се искористи за борбена ситуација кога Путин е во воздух, пренесува „Новости“.