Каков е вашиот карактер според големината на рацете

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Дали знаете дека големината на рацете може да поткаже многу за тоа кои се нашите послаби и силни страни на карактерот, како и многу други делови од нашето тело. Некои црти на нашиот карактер се резултат на количината на одредени хормони кои нашите тела ги произведуваат.5b82a757799f92e59694a0df5ced07d3

Недостатокот или вишокот на еден или друг хормон е можно да влијае и на темпераментот. Истите фактори природно влијаат и на големината на човечките екстремитети. Затоа, може да се претпостави дека постои врска помеѓу големината на рацете и психолошкиот профил на личноста.

Денес споделуваме еден брз и забавен тест кој може да се покаже и интересен за вас. Се што треба да направите е да ја измерите вашата рака, како што е прикажано на сликата.bfd988f9574020e0e520aea1908fc106

Ако можете со едната рака можете да го допрете зглобот, тогаш вие имате голема рака. Ако ви е тешко да достигнете до зглобот, рацете ви се мали. Која е карактеристиката на вашата личност?

Мала рака
Вие сте личност со големо срце и тоа добро го знаат и луѓето крај вас. Кога имате проблем во пресрет, секогаш се стремите да го надминете, а не да го избегнете. Ова е една од вашите најсилни црти. Од друга страна не сакате да се задржувате на едно место и често барате авантури.
Секогаш се фокусирате на општата перцепција на ситуацијата и постигнување на крајната цел на вашите потфати. Една од слабите страни ви се добрината и наивноста, често носејќи ве во заблуда да ги правите истите грешки.

Голема рака
Вашите емоции ве прават толку непредвидливи што дури и вашите најблиски често се изненадени од однесувањето. Вие сте чувствителна личност и на моменти сте непотребно срамежливи. Секогаш ги забележувате најмалите и најневажни детали и се фокусирате на нив. За вас е од големо значење постојано да се унапредувате, а во својата работа сте исклучително вреден кадар за вашиот менаџер.
Едни од најубавите црти, со кои ги привлекувате луѓето кон себе се вашите воздржаност, смиреност, доверба. Од друга страна срамежливоста и стравот да ризикувате, понекогаш спречуваат да ги постигнете вашите соништа.
Фото: candybuzz.net