Навидум обична девојка, но само тоа не е! Убавата Карис Зита Даглас денес има 18 години, а нејзините презимиња веднаш говорат дека станува збор за ќерката на актерската двојка Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас.
Оваа девојка многумина воодушеви со својата убавина и стил, а често може да се прочитаат коментари дека секој ден сѐ повеќе личи на мајка ѝ Кетрин.
View this post on Instagram
Мајкл и Кетрин, освен Карис, го имаат и две години постариот син Дилан.
Карис Зета Даглас е родена во април, 2003 година. Интересно е дека Кетрин била бремена со Карис додека го снимала филмот „Чикаго“, кој беше награден со Оскар.
View this post on Instagram
Карис заврши средно училиште овој мај, а честопати има заеднички ангажмани и фотосесии со нејзината мајка. Двете беа дел од модна кампања во Рим, а сите се согласија дека Карис потсетува на Кетрин од нејзините помлади денови.
View this post on Instagram