Какви иновации ќе донесе оваа пандемија?

од Stefanija Kuzmanovska

Настаните што ги нарекуваме „црн лебед“, како што е економска рецесија или пандемија, го менуваат начинот на раководење, како на властите, така и на компаниите и економијата во целина.

Болест што во 14-от век била наречена “црна смрт“ направила вистинска пресвртница во длабоко вкоренетиот феудален систем во Европа, што придонело да се унапредат договорите за работа. “Само“ три века подоцна, длабоката економска рецесија, резултат на 100-годишната војна меѓу Британија и Франција, поттикна нов и голем бран на иновации што предизвикаа радикално зголемување на продуктивноста во земјоделието.

Навраќајќи се на блиското минато, пандемијата на САРС во периодот од 2002-ра до 2004-та година, според Entrepreneur, била катализатор на огромен раст на тогаш малата компанија за електронска трговија Alibaba, којашто подоцна стана “џин“ во електронска малопродажба во Азија. Нејзиниот раст беше поттикнат од стравот од патување и контакт со други луѓе.

Финансиската криза во 2008 година, исто така, како нус појава направи одредени тектонски промени во економијата. Во тоа време, Airbnb и Uber постигнаа поголема популарност меѓу земјите каде што луѓето остануваа без дополнителни приходи, што ги принудило да делат свој имот за да го покријат недостигот од финансии.

И сега во време кога е актуелна пандемијата на Ковид – 19, веќе се забележуваат одредени промени во начинот на однесување на потрошувачите и компаниите. Работата од далечина веќе не е можност само на технолошките компании, туку и на многу други од различни сектор, процесот на снабдување се менува на глобално ниво, а во продавниците е зголемена побарувачката за сува храна и тоалетна хартија.

Некои од промените се краткорочен одговор на пандемијата, па ќе се вратат во нормала што заврши Ковид – 19, но некои промени ќе останат и ќе го променат начинот на функционирање во следните декади.

Долгорочните иновации и промени во трендот ќе се појават кога потрошувачите и компаниите ќе почнат да работат на урамнотежување на психолошкото и економското влијание, под услов да се неутрализира коронавирусот и да се спречи негово натамошно ширење.

Пандемијата овозможува на сцената да се појават сосема нови категории на компании. Се очекуваат значајни промени кога се работи за синџирите на дистрибуција во светот. Од нив ќе се вара создавање на глобални платформи што ќе користат софистицирана технологија за да може да се поврзат со повеќе купувачи и добавувачи во исто време.

Дигиталната бирократија ќе стане mainstream. Појавата на оваа зараза ги забрза процесите во многу земји. На пример, Кина изградила болница од 645.000 метри квадратни за само 10 дена. Јужна Кореја тестираше над 200.000 граѓани и користеше паметни телефони за да го означи движењето на заразените лица. Сите овие работи би можеле да придонесат кон уште поголемо развивање на таканаречените паметни градови.

Се верува дека Ковид – 19 ќе биде акцелераторот за работа од дома, како и за развој на онлајн образование.

На крајот, оваа пандемија беше голем шок за глобалната економија. Компаниите фокусот го ставаат на здравјето и безбедноста. Оние коишто ќе ги капитализираат сите промени што следуваат, ќе успеат, останатите ќе останат на страна.

Слични содржини