Какви подобрувања не очекуваат во новиот веб стандард НТТП 2

од Vladimir Zorba
95 прегледи
Следната голема верзија на веб стандардот ХТТП е еден чекор понапред кон тоа да стане реалност. Лично претседателот на Интернет Инженеринг Таск Форс (ИETФ), Марк Нотингем во блог пост изјави дека организацијата веќе ги финализира неговите спецификации. Ова е најсериозното ажурирање на хипертекст трансфер протоколот (ХТТП) по премиерата на неговата 1.1 верзија во 1999 година, пренесе НекстВеб.
http2-chrome
Новиот стандард е создаден со идејата да предложи серија клучни предности кон модерните веб технологии. Прво треба да се истакне дека ХТТП 2 ќе се одликува со поголема брзина за полнење на страниците на интернет и исто така е базиран на СПДИ протоколот на Гугл. Благодарение на него тој може да ја подобри латенцијата и безбедноста, а во исто време обезбедува пократко време за вчитување на веб сајтовите.
ХТТП 2 исто така користи помалку врски, за да ги обработува барањата и на тој начин нема да ги оптоварува толку многу серверите и мрежите. Дополнителна функција во стандардот овозможува тој истовремено да изврши неколку барања, а така ќе го спречи блокирањето на страниците. Гугл веќе најавија дека планираат да преминат целосно кон ХТТП 2 во својот прелистувач Хром и е само прашање на време да започне реалната интеграција на протоколот во индустријата.