Какви промени во дизајнот подготвува Самсунг за Галакси Ес6?

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Се очекува претстојниот Галакси Ес6 паметен телефон на Самсунг да не изненади со нов дизајн, докажан квалитет и некои подобрени аспекти кои беа критикувани во претходните Галакси Ес модели. Барем такви беа ветувањата од јужнокорејскиот технолошки гигант, кој до сега одбива да открие сепак какви промени подготвува за новиот предводник. Единствено што од Samsung открија беше дека телефонот ќе биде целосно „иновативен“ и ќе го лансира трендот за изработка на мобилните уреди на компанијата од „нови материјали“.
image-30367--28018
И додека од Самсунг одбиваат да покажат како всушност ќе изгледа Галакси Ес6, тогаш благодарение на производители на додатоци за уредот, можеби сепак ќе добиеме претходна идеја за дизајнот на смартфонот. Од Дроид-Лајф соопштија дека Спигер веќе пуштил заштитни обвивки за Галакси Ес6 во Амазон.
Од фотографии се гледа дека Самсунг ја позиционирал задната камера и сензорот за мерење на пулсот на различно место во споредба со нивното позиционирање на Галакси Ес5. Веројатноста обвивките да го потврдуваат точното позиционирање на овие елементи од Галакси Ес6 е доста голем, со оглед на фактот дека и претходно ваква информација „протече“ токму од Спигер и се покажа како точна.
Во меѓувреме, францускиот сајт Ноуверелс добил неколку скици на Галакси Ес6 од друг производител на додатоци, кои исто така ја потврдуваат поставеноста на камерата и сензорот. Уште повеќе, скиците ги нудат точните димензии на предводникот. Според фотографиите, димензиите на Галакси Ес6 се 143.52 x 70.70 x 7.19 мм. Ако скиците се точни, тоа значи дека новиот смартфон ќе биде сличен по димензии како Галакси Ес6 (142 x 72.5 x 8.1 мм).