Калас: ЕУ поддржува секој план за Украина што носи траен и праведен мир

Таа оцени дека Русија ќе го прифати безусловното примирје што е на маса од март оваа година, „доколку навистина сака мир“.

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе поддржи секој план за мир во Украина, под услов тој да донесе „траен и праведен мир“ и да ги вклучи Украина и ЕУ.

„Во врска со мировниот план што, како што го разбираме, му беше презентиран на претседателот Володимир Зеленски, ние секогаш сме велеле дека секој план ќе мора да биде координиран со Украина и со Европејците“, рече Калас во Брисел, пренесe Ројтерс.

Таа оцени дека Русија ќе го прифати безусловното примирје што е на маса од март оваа година, „доколку навистина сака мир“.