Калас: На Русите и Белорусите да им се забрани учество на сите спортски настани

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Естонскиот премиер Каја Калас денеска изјави дека на руските и на белоруските спортисти треба да им се забрани учество на сите меѓународни спортски настани, додека руската агресија против Украина продолжува.

Калас смета дека оваа забрана треба да важи и за Олимписките игри во Париз во 2024 година.

„Важно е да се задржи забраната за учество на руски и белоруски спортисти на меѓународни спортски настани – дури и под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Таквата забрана мора да трае сè додека трае руската агресија против Украина“, напиша премиерката на Естонија на Твитер.

Слични содржини