21
Шефот на европската дипломатија, Каја Калас денеска изјави дека Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на Европската унија и дека единствениот начин да се реши ова е да се зголемат трошоците за одбрана.
„Русија претставува егзистенцијална закана за нашата безбедност, денес, утре и се додека недоволно инвестираме во нашата одбрана“, рече Калас на годишната конференција на Европската агенција за одбрана (ЕДА), пренесе Ројтерс.
Калас се согласи со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека членките на ЕУ не трошат доволно за одбрана.