Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, во вторникот изјави дека скандалот со корупција во Украина е „крајно несреќен“ и дека е важно Киев да се справи со него, објави Ројтерс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно во среда повика на отстранување на двајца министри од нивните функции, бидејќи истрагата за наводна корупциска шема вредна 100 милиони долари предизвика обновено јавно незадоволство против владата на земјата.
„Тие дејствуваат многу решително. Нема простор за корупција, особено сега. Мислам, ова се буквално пари на луѓето што треба да одат на фронтот“, рече Калас на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Канада.
„Мислам дека е многу важно тие многу брзо да се справат со ова и да го сфатат ова прашање многу сериозно“, додаде таа.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха е исто така гостин на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7. Средбата на дипломатите започна вчера и продолжи денес, што се одржува во Нијагарините водопади, на границата меѓу Канада и САД.