Калас: „Треба да спречиме Русија повторно да изврши инвазија“

„Ако сакаме ова трајно да заврши, навистина, навистина ни требаат отстапки од руската страна“, порача таа.

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ The Economist

Конечниот мировен план треба да ја спречи Русија повторно да изврши инвазија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Каја Калас изјави за BBC Radio 4. „Ако сакаме ова трајно да заврши, навистина, навистина ни требаат отстапки од руската страна“, порача таа.

Според неа, таков пристап би барал од Русија да ги почитува меѓународните договори и да ги намали своите воени капацитети.

– Не можете да имате ситуација каде што напаѓате друга земја… без да преземете никаква одговорност за тоа, вели Калас.

Кога беше прашана за можното враќање на Русија во Г8, Калас рече дека тоа дефинитивно не смее да се случи.

– Не можеме да се вратиме на стариот начин… како можете воопшто да го замислите тоа?, рече таа во програмата.

Поздравувајќи ја „благородната цел“ на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување мир во Украина, Калас нагласи дека мора да се запрашаме што навистина носи мир во земјата.