Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека „воопшто не е убаво“ што постои можност рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Будимпешта и таму да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека е лошо да се види Путин, за кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница, како доаѓа во европска земја.
Калас оцени дека напорите на Трамп за постигнување мир се добредојдени, но дека е важно и украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со Путин, објави Ројтерс.
„Америка има моќ да изврши притисок врз Русија да седне на преговарачка маса, а ако ја искористи, може да донесе крај на војната“, рече Калас пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.