Калас: Затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран би било опасно и не е добро за никого

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран би било опасно и не е добро за никого, изјави денес високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

„Загриженоста за одмазда и ескалација на војната е голема, особено затоа што затворањето на Ормускиот теснец од страна на Иран би било исклучително опасно и не е добро за никого“, изјави Калас пред новинарите пред состанокот со министрите за надворешни работи на ЕУ, објави Ројтерс.

Иранската телевизија „Прес ТВ“ во недела објави дека Врховниот совет за национална безбедност на Иран треба да донесе конечна одлука дали да го затвори теснецот, откако парламентот ја поддржа мерката.

Слични содржини