Калеска –Ванчева: Иницијативата за собирање потписи од ВМРО-ДПМНЕ нема да го спречи одржувањето на пописот

од Vladimir Zorba
266 прегледи

„По цели 19 години, државата, конечно, оваа пролет ќе спроведе попис на населението и домаќинствата, согласно сите стандарди и пракси на Евростат Конечно, како држава да имаме целосни, прецизни и релевантни податоци кои ќе послужат за креирање на издржани долгорочни политики за развој“, соопшти на прес-конференција, Снежана Калеска –Ванчева, пратеничка на СДСМ и претседателка на Форум на Жени на СДСМ.

„Добиените податоци ќе послужат како одлична база за градење на политики и мерки во образованието, здравството, социјалната и детска заштита, но и во земјоделството, културата и развојот на регионите и општините. Државата, инситуциите, пред се Државниот завод за статистика се подготвени да реализираат успешен попис. Поддршка за потписот доаѓа од нашите стратешки партнери, ЕУ и САД. Само ВМРО-ДПМНЕ е против, се нешто бојкотира, попречува, саботира“, вели таа.

Слични содржини