Калевска Ванчева: ВМРО ДПМНЕ беше 11 години на власт и донесе деловник на Собранието без учество на тогашната опозиција

од Destan Jonuzi
121 прегледи

Оваа власт нема основна европска вредност , а тоа е комуникација со опозицијата. Односот кој го имаат со нас е деградирачки, вели пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ, во вечерашната Топ Тема на Тв Телма.

Одговарајќи на прашањето зошто пратениците од опозицијата вчера не присуствувале на сесијата за четвртата рунда во процесот Жан Моне, Петрушевски го обвини спикерот дека си прави „приватна журка“ игнорирајќи ги опозициските пратеници и свикува сесии без да ги праша дали се слободни за да дојдат да работат, туку само им се праќаат известувања за тоа кога ќе се одржат.

Џафери си прави „приватна журка“ зашто на последната сесија преговарал како да ги заобиколи работните тела и да си гласаат закони на пленарна седница кои им одговараат, рече Петрушевски.
На ова му врати соговорчничката, Снежана Калевска Ванчева пратеничка од СДСМ, која рече дека е крајно несериозно денешната изјава на Џафери, да се толкува како приватна журка. Џафери денеска изјави дека заклучоците од денешната четврта рунда од процесот Жан Моне ќе им бидат доставени на сите пратеници во Собранието, вклучувајќи ги ВМРО ДПМНЕ и Левица.

ВМРО ДПМНЕ беше на 11 години на власт и донесе деловник и измени на деловник без учество на тогашната опозиција и сега кажува квалификации за приватна журка. Извинете, но ова е преголема разгаленост или ВМРО ДПМНЕ смета дека е Алфа и Омега во ова општетство, и само тие мора да бидат прашани и ако сметаат тие дека е во интерес на собранието, на граѓаните, тогаш е во ред. А ако останатите сметаат дека треба да се дискутира, а тие не, тогаш нема да се дискутира. Најлесно е да побегнеш. Тоа го прават цело време. И да кажам дека г-динот Мицевски вчера цел ден беше во Собрание, и чекаше да завршиме и да има прес конференција. Ако не можел тој да дојде, можел друг да прати, ова се само оправдувања, јасно е дека не сакаат да се дојде до деловник кој нема да двосмислен, одговори Ванчева.