Калифорнија ги прави автономните еко-автомобили задолжителни до 2030 година

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Сите лесни автономни возила што работат во Калифорнија мора да имаат нула емисија на штетни гасови до 2030 година, одлучија државните власти. Потпишана од гувернерот Гавин Њусом во четвртокот, новата регулатива го претставува најновиот напор на Калифорнија да ја ограничи продажбата на нови возила сомотори со внатрешно согорување за да се намалат емисиите на стакленички гасови.

Во 2020 година, Њусом потпиша извршна наредба со која се забранува продажба на нови возила со бензински и дизел мотори од 2035 година. Истата година, Советот за воздушни ресурси на САД побара сите нови камиони што се продаваат во Калифорнија да емитуваат нула емисија на штетни гасови до 2045 година, потсетува Engadget.

„Индустријата за автономни возила е подготвена да го предводи патот во намалувањето на емисиите на стакленички гасови во градовите, така што ние работевме со електрична флота со целосно нулта емисија од самиот почеток“, рече Прашанти Раман, раководител за владини прашања во „Cruise“.

Според Агенцијата за заштита на животната средина, транспортниот сектор е единствениот најголем извор на емисии на стакленички гасови во Соединетите држави од 2019 година, со тоа што лесните комерцијални возила учествуваат со повеќе од половина од тоа производство.

Во моментов, автономните возила претставуваат само мал дел од речиси 15 милиони возила на патиштата во Калифорнија. Покрај тоа, најпознатите компании кои тестираат целосно автономни такси услуги во државата користат флоти составени речиси целосно од електрични и хибридни возила.

Слични содржини