Еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск најави дека ќе ги пресели седиштата на две истакнати компании, ракетната компанија SpaceX и платформата за кратки пораки X, од Калифорнија во Тексас.
Пораката дојде откако гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпиша нацрт-закон со кој се спречува училиштата да бараат од нивниот персонал да ги известува родителите чии деца покажуваат знаци дека се трансродови или да споделуваат информации за нивната сексуална ориентација.
Законот беше изготвен како одговор на најмалку седум училишни одбори во Калифорнија кои донесоа правила во текот на изминатата година, кои ги принудуваат наставниците да им кажат на родителите дали нивното дете почне да користи име или заменка што не одговара на нивниот пол.
„Ова е последната капка. Поради овој закон и многу други што му претходеа, напаѓајќи и семејства и бизниси, SpaceX сега ќе го премести своето седиште од Хоторн, Калифорнија во Старбејс, Тексас“, напиша Маск на социјалните мрежи.
Објаснувајќи ја одлуката да се пресели Х во Остин, Маск ја критикуваше ситуацијата во Сан Франциско, велејќи дека му е „досадно од избегнувањето на бандите насилници зависни од дрога“ само за да влезе и излезе од зградата, објави Би-Би-Си.