Не мина и месец од самитот на НАТО во Варшава, на кој беше објавено распоредувањето во Прибалтикот на војници од единици на земјите од Алијансата, кампањата за милитаризирање на трите држави, започна со полн замав. При тоа не може да не се каже дека НАТО и предходно придавал големо внимание на Литванија, Летонија и Естонија, пишува во својата анализа весникот “Рускаја Весна”. На пример, воените вежби на територијата на овие земји, станаа речиси редовни, а локалните гарнизони постојано се активираат за распоредување на “гости” во војнички униформи од голем број западни земји.

Но, во последно време воената реторика стана уште поостра. За тоа зборува и неодамнешната изјава на шефот на воздухопловните сили на САД Дебора Ли Џејмс, која за време на посетата на Литванија ги охрабри локалните власти, нагласувајќи дека Вашингтон е подготвен да го достави на Вилнус одамна бараното од него оружје.
Покрај тоа, чиновничката вети дека ќе се активира подготовката на литванските воздушни контролори, а паралелно ќе продолжи воздушното патролирање во небото над земјата од авиони на НАТО. Вклучувајќи и од авијацијата на САД.
Одлуката веќе е донесена. Во обновената Воена стратегија на САД како главна задача на Европската команда на американските вооружени сили е наведена борбата на Русија. Пентагон веќе најави речиси четирикратно зголемување на финансирањето на своите војници во Европа – до 3.4 милијарди долари.
При тоа главниот дел на овие средства ќе одат за распоредување на сили во Источна Европа. Во Прибалтикот ќе се појават магацини со тешка воена техника, ќе се подобрат и системите за базирање и воената авијација.
Секако, Русија нема да стои со скрстени раце и мирно да гледа што се случува до нејзините граници. За некои одмазднички решенија веќе е познато. Меѓу нив се распоредувањето на ЗРК С-400 “Триумф”, воведувањето во бојно дежурства на радарскиѕр станици за предупредување за ракетни напади Воронеж-ДМ, зајакнување на капацитетите на ПВО со нови воздушни комплекси “Панцир-С1”.
Балтичките флота ќе добие современи бродови, а освен тоа е најавено и формирање на комплетен армиски корпус на територијата на Калининградската област. Како што изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Русија е принудена да реагира на зголемувањето на воениот потенцијал на НАТО до руските граници.
Притоа голем број аналитичари истакнуваат дека со набивањето на Прибалтикот со воени сили, НАТО генералите фактички ги претвораат овие држави во цели. Сепак, токму на нив, по овие баталјони, а не по Брисел, ќе биде наменет одмазднички удар.
Во суштина, Прибалтикот и нивните жители станаа заложници на ситуацијата, велат многумина. Токму поради тоа Русија предлага еден нормален пристап, разговор на јазикот на аргументите, а не на ултиматумот. Неодамна заменик-министерот за одбрана на Русија Анатолиј Антонов прогласи подготвеност на неговата канцеларија за консултации со Прибалтикот и Полска за прашањата на воената активност на границите.