Калиопи го прослави својот роденден на третиот концерт на Жељко Самарџиќ во „мтс Дворана“

од Vladimir Zorba
374 прегледи

Во преполната „мтс Дворана“ се одржа концерт на српската поп икона Жељко Самарџиќ, кој по третиот концерт ќе одржи уште три до крајот на оваа година. Како и секогаш, Самарџиќ безрезервно ѝ се предаде на публиката, а тие одговорија на истиот начин. Два и пол часа траеше забавата со фановите во неисцрпен репертоар од хитовите на познатиот пејач.

Традиционално, на Самарџиќ на сцената му се придружија пријатели музичари, а вистинскиот спектакл настана кога запеа Калиопи, која исто така го прослави својот роденден. Жељко во таа прилика и подари цвеќе кое ја воодушеви. Таа ги отпеа „Црно и бело“ и познатата „Бато“, а публиката не и дозволи сама да ја заврши оваа задача, и ја поддржа во хор. Салата одекна и зрачеше посебна енергија, која магично ја создадоа пријателите на сцената изведувајќи го дуетот „Знам“.

А овој пат Самарџиќ избра само хитови за публиката, меѓу кои најмногу аплауз добија познатите: „Грлица“,, „Покажи ми шта знаш“, „Не дај да те раде“, „Права љубав године не брои“, „Све је мое твое“, „Дајте једну лошу“….

Слични содржини