Калкулатор кој ги пресметува сексуалните партнери

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Може да мислите дека знаете со колку луѓе сте имале секс, но новото истражување покажува дека тоа може да се покаже погрешно. Експертите објаснуваат дека дури и да мислите дека сте спиеле со само неколкумина без кондом.casual-sex-6

Но, овие луѓе се спиеле со други луѓе и така бројот може да се здобие со 5 и дури 6 нули. Пример калкулаторот пресметува дека сексот со 9 мажи без кондом во животот, значи дека индиректно сте имале секс со над 3 милиони луѓе.

Калкулаторот е развиен со шест-брзинска теорија според шест различни возрасни групи. Вие избирате со колку луѓе сте ја поминале ноќта во категориите меѓу 16 и 19 години, 20 -24 години, 25 -34 години, 35 -44 години, 45 -64 години и над 65 години. Идејата на креаторите на калкулаторот е да покаже дека со секс без кондом, всушност имате секс со сите со кои вашиот партнер спиел. Како и со партнерите на неговите партнери и така до бескрај.

За да го создадат алгоритмот, научниците користеле анкета на 6.000 сексуално активни Британци.