Камала Харис го повика Трамп да направат тест за ментално здравје

од Milan1
5 прегледи

Демократската кандидатка Камала Харис денеска изјави дека е подготвена да направи тест за ментално здравје и го повика нејзиниот републикански ривал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп да го стори истото.

„Секако. Го предизвикувам да го стори истото. Мислам дека тој всушност станува сè понестабилен и прибегнува кон повикување на име затоа што навистина нема план за американскиот народ“, рече Харис во интервју за CBS на прашањето дали ќе го направи тестот и што мисли за тоа.

Таа посочи на голем број поранешни високи функционери на администрацијата на Трамп кои зборуваа против него во последните недели како доказ дека тој е „неспособен да биде претседател на САД“.

„Не ме слушајте мене, слушајте ги луѓето кои најдобро го познаваат. Неговите поранешни шефови на кабинет. Слушајте ги двајцата поранешни секретари за одбрана кои работеа за него, послушајте го неговиот советник за национална безбедност, слушајте го неговиот потпретседател, кои, на еден или друг начин, рекоа дека не е способен повторно да биде претседател, дека треба никогаш повеќе да не биди претседател и дека е опасен“, рече Харис.

Харис во последниве денови беше на удар на критиките за нејзините коментари за Трамп, вклучително нарекувајќи го „фашист“.

Трамп претходно рече дека Харис има „многу низок коефициент на интелигенција“ и повика на тест за интелигенција. Поранешниот претседател објасни дека неговиот ривал во интервју за американскиот новинар Андерсон Купер не може да даде директни одговори на наједноставните прашања, што јасно укажува дека „нешто не е во ред со неа“.

Слични содржини