Камата, откриена во гробницата на египетскиот фараон Тутанкамон, е изработена од железо од метеорит, потврдува истражувањето за кое информираше CBS.
Анализа спроведена од Даниела Комели, професор по наука на материјалите во Политехничкиот универзитет во Милано, истакнува дека сечилото содржи 10% никел и 0,6% кобалт. Преку техника наречена рентгеновa флуоресценција, составот на сечилото е спореден со оној на 11 метали во метеорити, и е утврдено дека се многу слични.
Ножот е откриен од археологот Хауард Картер во 1925г., три години откако ја открил самата гробница на фараонот. Сечилото е со златна рачка, украсена со кристал, а на самата ножницата се извезани лилјани, пердуви и глава на чакал.
Камата датира од 14 в. Пр. Хр., и е едно од многу ретките артефакти со железо пронајдени воопшто од египетската култура, за која се смета дека го открила ковањето како техника во 8 век Пр. Хр.
Метеорското железо било поскапо од злато, појаснуваат истражувачите. Го обликувалего со чекани, вели Комели.
Откритието објаснува исто, дека египетски хиероглифи на железо, кои се појавиле околу 100 години подоцна, го користат терминот “железо од небото”.
“Употребата на овој термин претпоставува дека древните Египќани биле свесни дека овие ретки парчиња метал, паѓале од небото уште во 13 в. Пр. Хр.”, велат уште експертите.
