Камчев ме намести за „Плацеви на Водно“, вели Груевски

од Nikola Popovski
265 прегледи

Поранешниот премиер кој е во бегство, Никола Груевски повторно се огласи на социјалните мрежи пред утрешната пресуда за случајот “Плацеви на Водно”, како што вели, со веројатно последна негова објава околу политичкиот прогон за предметот.

Груевски во своето долго обраќање, меѓу другото вели дека бизнисменот Орце Камчев жртвувал три станови за да го наместо него.

-Идејата на овој договор во последен момент е и покрај промената на изјавата на Јордан Камчев насочена против мене, истиот да жртвува три негови и на неговиот зет стана на Водно, како што Александар Ивановски својата слобода одлучи да ја купи со два помали стана и едно земјиште од 2.700мкв. Се заедно тоа да се заплени и да се прикаже како запленет мој имот, поточно како имот кој требало да ми припадне, а со цел од истото владејачката партија да прави политичка пропаганда, појаснува поранешниот премиер.

Според него, македонското судство е пред нов испит и предизвик.

-Тој не би постоел ако власта ги остави судиите да судат според доказите или ако се охрабрат да и се спротистават, бидејки тие знаат што се докази а што не. Дали ќе ги остави, оли дали ќе се охрабрат да се спротистават ќе се види скоро, пишува Груевски.

Екс-премиерот додава дека согласно македонските закони, судиите се обврзани да ја следат праксата на судот во Стразбург и прекршокот во тој дел, е основ за разрешување од судија сега или во иднина.

-Јавноста ќе види дали судот во овој предмет ќе ја следи праксата во Стразбург или очекувањата на власта под чии производ е овој конструиран предмет, стои во долгото обраќање на Груевски.

Обвинителката во овој предмет, Лиле Стефанова, пак, прва даде завршни зборови и побара максимална казна за Груевски, повисока казна за Мијалков во рамки на тоа што е предвидено со Кривичниот закон, условна за Новачевски зошто, како што рече, од самиот почеток јасно и недвосмислено зборувал како се одбивале работите без разлика дали го товараат него или не, а минимални за Камчев и Јосифовиќ бидејќи, според обвинителка, нивните последни исказ се олеснувачки околности. Во случајот обвинета беше и мајката на бизнисменот Камчев, Ратка Куновска-Камчева, но за неа денеска Стефанова го повлече обвинението поради застарување на делото.

Слични содржини