Камерон: Ако си млад црнец, поголема е веројатноста да завршиш во затвор, отколку на реномиран универзитет

од desk4
75 прегледи

Британскиот премиер Дејвид Камерон за Сандеј Тајмс вели дека Универзитетите ќе мора да пријават колку од сиромашните припадници на етничките малцинства се примени во сооднос со вкупниот број на кандидати, за да се утврди расната и класна дискриминација, која според неговите зборови, Британија би требала да се засрами.

kameron

Во текст за денешното издание на Sunday Times, Камерон напиша:

– Ако си млад и црн маж, поголема е веројатноста да завршиш во затвор, отколку во некој од водечките Универзитети.

Според него, Универзитетите како што е Оксфорд, на кој и самиот дипломирал, не прават се за да привлечат доволно талентирани луѓе од целата земја. Од 2500 кои почнале да студираат на Оксфорд во 2014-та година, само 27 биле црнци. Тој напоменува дека и момчињата од работничката класа исто така се слабо застапени во високообразовните институции.

Камерон вели дека меѓу високо рангираните воени чинови и големи корпорации нема доволно граѓани од етничките малцинства, или оние кои потекнуваат од работничката класа, а тоа е резултат на вкоренета институционална и подмолна дискриминација.

-Не ме интересира дали е отворена, несвесна или институционална, но мораме да ја искорениме, напиша британскиот премиер Дејвид Камерон.