Само пред неколку дена Камерон Дијаз и Бенџи Маден ја прославија својата прва годишнина како сопруг и сопруга и додека фановите на актерката очекуваат таа да се пофали со бременост,  ѕвездата го насочила своето внимание “во раѓањето” на корисна креативност.666767b3e2535238f6f863b42f9b1a84

43-годишната русокоса ја издаде својата втора книга, која се вика “Longevity Book” (Книга за долговечноста). По тој повод, нејзиниот 36-годишен маж ентузијастички ја пофали својата жена во социјалните медиуми.

Рок музичарот од групата Good Charlotte го напиша под корицата на книгата следново: “Не можам да бидам погорд на мојата голема жена.”

Бенџи додаде: “Таа се буди секој ден со мисијата да се обиде да го направи светот подобро место за живеење. Вчудоневиден сум од нејзината храброст, сила и емотивност. Таа немилосрдно ги охрабрува другите жени да се сакаат себе.Таа е неверојатна! “