Камиказа: Цело време ми крадат идеи, јас прв кажав, па сите тартан стази ќе прават

од Берта Китинска
621 прегледи

Реден сум во Скопје, а скоро 45 години од мојот живот го имам поминато во Општина Карпош. Оваа општина беше осмислена, се додека не дојдоа криминалинте банди и направија од нашите населби чудовишта, кажа на граѓанската средба во Карпош, Петар Горгиевски-Камиказа кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица.

-Сега ми кардат една идеја, цело време ми крадат идеи, знаете пустото тоа кога имате многу идеи, мојот пријател  Стевче Јакимовски  го видов како се слика со „Македонско село“, а јас изјавив дека „Македонско село“ ќе биде колонија на сликари, и виде човекот веднаш отиде да се слика, таму.Јас кажав  дека  ќе направам тартан стази па почнаа сите да прават и точаци да возат, кажа Камиказа напоменувајќи дека салата Партизан 4 мора да биде приоритет и на градоначалникот на Левица за Карпош а тој ќе помогне како прв човек на градот ова место да воскресне .

Слични содржини