Нереалните стандарди за убавина со кои сме секојдневно бомбардирани можат негативно да влијаат врз младите. Познати личности, но и помалку познати, користат фотошоп и добри агли за да го истакнат она што го сметаат за совршен изглед, што е невозможно да се постигне во реалниот живот.
Жртва на ваквите стандарди деновиве е пејачката Камила Кабело. Иако требаше да ужива во својот одмор, морето и плажата, тоа не се случи – папараците ја сликаа на плажа, а интернет-троловите ја прогласија за дебела. Сè затоа што изгледа како сосема нормална девојка – нејзиното тело не е мускулесто или претерано слабо, што според овие тролови се смета за пожелно тело за на плажа.
Овие фотографии беа доволни за троловите да ја погледнат и да започнат да ја нарекуваат различни имиња и придавки како „дебела“.